Договорот, кој Македонија треба да го потпише со САД за гарантирање на безбедноста на државава, е сличен како оној што Вашингтон го има потпишано со Израел. Таков договор освен Израел, и за неколку дена Македонија, САД нема потпишано ниту една земја во светот.
Според нашите информации, договорот гарантира безбедност, материјална и воена помош за земјава. Неофицијално, САД наскоро ќе донесе одлука и за укинување на визниот режим со Македонија.
Како што Нетпрес вчера прв објави, на средбата во Букурешт меѓу македонскиот државен врв и американскиот претседател Џорџ Буш било договорено САД и Македонија за неколку дена да потпишат договор со кој Америка ќе се грижи за безбедноста на земјава.
извор: нет прес