Велес форумв | www.promoviraj.co.cc
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Велес форумв | www.promoviraj.co.cc

Велешки форум | www.promoviraj.co.cc
 
HomeHome  GalleryGallery  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 Се стабилизираат состојбите на берзата

Go down 
АвторПорака
IceshooteR
Супер чистач
Супер чистач
IceshooteR


Број на мислења : 67
Registration date : 2008-04-05

Се стабилизираат состојбите на берзата Empty
ПишувањеПредмет: Се стабилизираат состојбите на берзата   Се стабилизираат состојбите на берзата EmptyСаб Апр 05, 2008 11:49 am

Се стабилизираат состојбите на македонскиот пазар на хартии од вредност. Неочекувано брзо берзата денеска одново е во позитива.

По вчерашниот историски рекорден пад на индексот МБИ 10 од 8,40%, денеска, цената на акциите на 10-те најликвидни компании порасна, индексот е во плус од 1,66%.

Вредноста на капиталот се зголеми и кај најголем дел од фирмите што не се во групата најликвидни, а се направи и промет од 795.000 евра.

Психолошкиот ефект од одбивањето на членството на Македонија во Нато полека спласнува, коментираат аналитичарите.

Од фирмите на официјалниот пазар најголем пад на вредноста на капиталот од 16% регистрираше „Охис“.

Во меѓувреме најави и за нови компании што ќе котираат на македонската берза. Најдоцна за месец дена својот капитал на продажба ќе го нуди британската информатичка фирма „I Develop“, која веќе подолго време работи во Македонија со софтверскиот производ наречен „Active reception“.

Менаџерите ги финишираат преговорите за да префрлат дел од своите акции на берзата и да им ги нудат за продажба на граѓаните и на фирмите.

„Ќе се лансираме на Македонската берза и ќе спроведеме јавна понуда на акциите за еден месец, ќе обезбедиме сигурен број на акции, мал број кој ќе дозволи компаниите од Македонија и граѓаните да купуваат акции од нашата компанија“, изјави Сајмон Бимиш, главен менаџер на „I Develop“.

Компанијата во наредниот период ќе се фокусира да ги исполни критериумите што ги бараат берзанските правила, за да може да котира на официјалниот пазар.
Вратете се на почетокот Go down
 
Се стабилизираат состојбите на берзата
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Велес форумв | www.promoviraj.co.cc :: Македонија и свет :: Бизнис-
Отиди до: